Ќосески и Мичковски го засилуваат средниот ред и нападот на ФК Каменица Саса

Ќосески и Мичковски го засилуваат средниот ред и нападот на ФК Каменица Саса

Дамјан Ќосески и Тони Мичковски се новите засилувања на нашата екипа ФК Каменица Саса.

ФК Каменица Саса го засили средниот ред со младиот Дамјан Ќосески од Струга. Тој во нашата екипа доаѓа од Караорман, а има астапувано за екипите на Охрид, Њу Старс и во младинските категории на скопски Вардар.

Мичковски е повратник во составот на каменичкиот тим. На позицијата крилен напаѓач доаѓа од редовите на Детонит, а претходно има настапувано за екипите на Кожуф и Малеш.

„Наша основна определба е конечно вистинска стабилизација на Каменица Саса чија првична цел за оваа сезона секако стабилна игра во натпреварите од второлигашката конкуренција. Токму во таа насока имаме засилувањата со искусни имиња и млади играчи. Паралелно со резултатскиот императив се оди и со континуиран влог во иднината во клубот поради што во тимот се вклучени и повеќе млади фудбалери од нашата младинска школа, кои се вистинската перспектива на клубот. Во преговори сме со уште неколку фудбалери за нивни ангажман, со што комплетно би го заокружиле ростерот на тимот. Квалитетна и стабилна САСА му е потребна на македонскиот фудбал, и токму тоа се нашите идеи и цели околу реорганизацијата на тимот“ – истакнуваат од управата на каменичкиот фудбалски клуб

Со овие засилувања нашата екипа ФК Каменица Саса очекува да внесе свежина и сила во играта на средината од теренот и нападот за подобри резултати во претстојната сезона. Во тек се преговори со уште неколку фудбалери со кои ќе биде комплетиран составот за претстојната сеозна на македонкиот второлигаш од Македонска Каменица. Веќе во петок, ФК Каменица Саса во Пехчево ќе го одигра првиот контролен натпревар со екипата на Трајал од Крушевац, Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *