ЈП Камена Река спроведе редовна екоакција и упати апел за поголема грижа кон животната средина во Македонска Каменица

ЈП Камена Река спроведе редовна екоакција на повеќе локации во приградските делови од Македонска Каменица

Преку ваквите редовни екоактивности на вработените задолжени за одржување на јавната чистота, продолжуваме одговорно да работиме во насока на зачување на животната средина.
Редовното спроведување на екоакции и делувања со грижа кон чистата животна средина во Македонска Каменица, треба да бидат должност и обврска на целата заедница. Секој е важен и сите мора да бидеме вклучени во придонесот кон зачување на природните ресурси во нашата Општина.

Затоа, ги повикуваме сите жители на Македонска Каменица. Заедно со нас, да бидат чувари на животната средина.
Првенствено, заедно да работиме на намалување на неправилното и несоодветно одложување на отпадот. Соединети во напорите, заедно да бидеме дел од движењето и акциите за чиста и зелена животна средина.

Да работиме на иста страна, со иста цел. На страната на чистата и здрава природна заедница!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *