ЧОВЕЧКИ ФАКТОР ГИ ОДНЕСЕ ВО СМРТ СИТЕ 6 ЖИВОТИ ОД ВЧЕРАШНИТЕ СООБРАЌАЈНИТЕ НЕЗГОДИ КАЈ КОЧАНИ, ВИНИЦА И ДЕЛЧЕВО

Човеки фактор е причината која завчера во смрт однесе шест жители на Истокот. Ова го покажувата првичните полициски анализаи, кои по увидот во Кочани, Делчево и Виница, констатирале пребрзо  возење, умор, недржење на растојание и невнимание.

Токму ова се главните причини за најголемиот број на сообраќајни несреќи , воопшто, покажуваат полициските анализи:

  • Најчести причини за сообраќајните несреќи се брзото возење, неправилното претекнување, заморот, алкохолот, недржење на растојание и слично, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Денес тројцата кочанци на возраст од 25 до 28 години, 61-годишната делчевка и нејзинот 69-годишен сограѓанин и 19-годишното момче од Виница, се погребани во своите општини.

Нивната смрт, билансот на загинати од почетокот на годината го искачи на дури 12 жртви во сообраќајот. А се можело да биде поинаку и во најмала рака бројот на жртви да биде многу помал, доколку сите учесници во сообраќајот се придржувале до пропишаниет правила, нешто за што од полицијата , постојано апелираат:

  • Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни и да го чуваат сопствениот и животот на останатите учесници во сообраќајот, апелираше Панајотова.

Инаку, во изминатите години во првите 6 месеци од годината бројот на жртви бил драстично помал од овогодинашниот.

Лани, статистиката на СВР бележи  6 несреќи и исто толку жртви, а во 2015 година три несреќи и тројца загинати. Годинава, шестмина загинаа само за една вечер.

Извор: ТвСтар – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *