Во рамки на вчера одиграното 11. Коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА со 4:0 го совлада тимот на ЖФК Топ Гол.
– Планирана победа и нови три бодови. Целосна доминација и контрола на натпреварот на нашите девојки. Брза игра со многу шанси и одлична реализација, со дисциплинирана игра во одбраната, – велат во оценката за натпреварот од стручниот штаб на ЖФК Каменица САСА
Одличната Ана Димитровска постигна хет-трик на натпреварот за убедлива победа на каменичкиот женски фудбалски клуб. Во листата на стрелци се запиша и младата Ева Андонова.