(Фото) Двете венчаници на Антониа Гиговска: Елеганција, секси и патики на нозете

Вчера одекна веста за свадбата на младата пејачка Антониа Гиговска и избраникот на нејзиното срце, музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер на која присуствуваа бројни имиња од македонската естрадна сцена.

Инаку, Антониа и Џокер се зедоа уште лани, пред раѓањето на нивниот син Киан, но сепак, одлучија да напрват свадбена прослава за роднините и пријателите која во неделата продолжи во еден од скопските познати ресторани.

Убавата невеста за свадбената церемонија одбра две венчаници.

Првата, за официјалниот дел од церемонијата, односно за венчавањето во црква, елегантен дизајн од Ателје Коцарева. Изгледот беше украсен со бидермаер од црвени рози кој Антониа го држеше во рака.

инстаграм
инстаграм

Забележливо е намерното одбегнување на „китење со накит“, но затоа тука е совршената шминка направена од Даниел Николовски, кој исто така присуствуваше на свадбата.

Неформалниот дел од свадбата, оној со забава во ресторан, бараше и промена на венчаницата на невестата, па таа се појави во секси издание.

инстаграм

Втората венчаница со мини должина има впечатлив горен дел – затворен, но затоа пак, разигран со проѕирна ткаенина.

Пејачката изгледот го заокружи, изненадувачки, со патики на нозете.

Извор: espreso.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *