Флорим Асани ја засилува десната бековска позиција во тимот на ФК Каменица Саса

Македонска Каменица, 16. Јули 2024 година – 19 годишниот Флорим Асани е најново засилување во редовите на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица. Доаѓа од Академијата на тетовска Шкендија, каде бележи успешни натпревари во повеќе младински категории.

Со ова доаѓањето на младиот Асани, нашата екипа ФК Каменица Саса ја засилува десната бековска позиција. Заедно со претходните засилувања македонскиот второлигаш од Македонска Каменица ветува силно подбрен состав на повеќето позиции во играта. Се надеваме дека спојот на искуството и младоста треба да даде значително подобри резултати во текот на претстојната натпреварувачка сезона.

Следен натпревар во рамки на подготвителниот период, Саса ќе го одигра во сабота, со екипата на Борец од Велес. Во петок, на стадионот во Пехчево, Саса ремизираше со Трајал од Крушевац, Србија (1:1).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *