“Фестивал на трубата” манифестација што ќе го наполни Пехчево

Пехчево подготвено за Фестивалот на трубите и за илјадниците гости кои ќе ја посетата малата малешевска општина за време на трите фестивалски вечери.

  • Со полицијата договоривме за паркирањето, сите сместувачки капацитети се исполнети, појасни Елица Јовевска, директор на фестивалот.

Годинава дувачките оркестри ќе можат на ревијален концерт да ја покажат својата виртуозност

  • Внесовме измени нема да има натпреварувачки дел, ќе настапат наградените од фестивалите и тие што освоиле златна труба на Гуча во последните три години, кажа Јовевска.

Фестивалот на трубата веќе стана синоним за Пехчево кое прераснува во туристика атракција на крајниот исток од државава.

  • Имаме гости буквално од секаде, рече Игор Поповски, градоначланик.

И пехчевци се подготвени да си ги пречекаат гостите и да се покажат како добри домаќини.

  • Убаво е , градот ќе се наполни, луѓето ќе се видат едни со други, велат овдешни жители.

Фестивалот започнува на Павловден со етносаемот, каде годинава за прв пат свои штандови ќе имаат и општините Брезница и Благоевград од соседна Бугарија, додека вечерта на 20-ина штанда угостителите ќе треба да ги нагостат гостите со скара пиво и други пијалоци. Трубите ќе ечат до доцна во ноќта, а фестивалските вечери ќе ги збогата Љубојна, Наум Петрески и Зуица Лазова,  и „Црвена јабука“. Организатор на Фестивалот е Општина Пехчево, а генерален покорвител хотел Гогов.

Извор: ТВ Стар – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *