УЈП информира кога започнува исплатата на „Мој ДДВ“

Управата за јавни приходи (УЈП) најавува дека од следната седмица ќе почне исплатата на повратот на ДДВ преку Министерството за финансии, следејќи го назначувањето на новиот директор. Паралелно, формирана е Комисија за унапредување на процесите за ДДВ, која ќе работи на редизајнирање на внатрешните процедури за да се обезбеди ефикасност и заштита од злоупотреби.

Новата комисија веќе извршила детална анализа на предходно одобрените барања за поврат, идентификувајќи ризични случаи кои бараат дополнителна инспекциска контрола. За останатите износи, кои не покажуваат ризик, повратот ќе започне веднаш.

Исто така, УЈП информира дека воведуваат централизиран мониторинг и координација на процесите за ДДВ во регионалните дирекции за да се зајакне конзистентноста и прецизноста во управувањето со овие средства. Овие мерки се предуземаат за да се минимизираат можните злоупотреби и измами кои се случувале во минатото и да се заштитат буџетските приходи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *