Учениците при ООУ “Св. Кирил и Методиј” ги добија свидетелствата за учебната 2022/23

Македонска Каменица, 29. Јуни 2023 година – Денеска во ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица се одржа свечено доделување на свидетелствата на учениците од I-VIII одделение. Со тоа официјално заврши учебната 2022/23 година во каменичката деветолетка.

Во рамки на свеченоста, директорот на училиштето, Виктор Георгиевски им додели книги на учениците со одличен успех, на учениците со освоени награди на регионални и државни натпревари, како и на сите ученици прогласени за првенци на генерацијата во оваа учебна година.

Од училиштето, на учениците им посакуваат убав летен распуст, исполнет со многу среќни моменти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *