Учениците во Македонија имаат слаби резултати и не се задоволни од животот во државата – УНИЦЕФ апелира образованието да стане натпартиски приоритет

На Меѓународниот ден на образованието, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани истакнува дополнителни докази за потребата од натпартиски заложби за реформи на образованието во земјата.

Квалитетното образование, вели таа, е клучен двигател на економскиот раст и развој и го забрзува остварувањето на сите човекови права. Образованието овозможува стекнување на потребните вештини и знаења, за да може, по завршувањето, учениците да се вклучат на пазарот на трудот и да придонесат кон подобар економски развоја. Исто така, образованието помага да се намалат нееднаквостите и сиромаштијата преку подобрување на можностите за работа и зголемување на приходите.

Резултатите од последното тестирање во рамки на Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА 2022) кои укажуваат на проблеми во резултатите од учењето кај учениците, алармираат дека структурните реформи во образованието треба да станат национален натпартиски приоритет. Подеталната анализа на резултатите посочува зошто е потребно целото општество да ги поддржи реформите во образованието, како и на високата цена што ќе ја платиме доколку ништо не се преземе.

Целиот текст ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *