Учениците во каменичката деветолетка ќе ја започнат учебната година во уредени и дезинфицирани простории

Учениците во каменичката деветолетка ќе ја започнат учебната година во реконструирани и дезинфицирани простории

Летниот период од годината во ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица го искористија за активности кои опфаќаат целосна реконструкција на училиштето.

Иако целосната обнова и изглед на училиштето, е започната и трае преку целата учебна година, летниот распуст го искористивме за обелување на сите простории во училиштето, со антибактериска боја, – вели директорот Виктор Георгиевски, кој додава дека “После 20 години, училиштето е комплетно обелено и се направени големи реконструкции и промени.

Учениците ќе ја започнат учебната година во чисти и дезинфицирани простории. Продолжуваме со инвестиции и активности за подобрување на материјалните услови за живот и работа на нашите ученици и вработени, – додава Георгиевски на крајот од соопштението за јавност од училиштето објавено денеска на социјалните мрежи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *