УБАВА ВЕСТ: Божјото чедо Драган Маринковски ракопроизведен во чин чтец од Епископ г. Марко

На четвртата Недела по Педесетница, кога се празнува и ,,св. вмч. Прокопиј’’, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.


По утрената, а пред почетокот на Светата Литургија Епископот го ракопроизведе во чин чтец божјото чедо Драганчо Маринкоски. После читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа во која ја протолкува денешната евангелска перикопа. За време на Литургијата верниот народ се причести со Светите Божествени дарови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *