ТППЕ Македонска Каменица го изгасна пожарот на месноста Близна кај Чукаревско маало во село Саса

По пријавата добиена во 12:30 часот, ТППЕ Македонска Каменица со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, интервенираше во гаснење на пожар кај месноста Близна во Чукаревско маало, село Саса.

– Опожарена е површина од околу 4 хектари на отворен простор обраснат со сува трева и папрат, – изјави командирот Малин Трајчевски кој додаде дека пожарот е настанат од невнимание на локален жител при чистење на нива.

Пожарот, како што изјави командирот Трајчевски, целосно е изгаснат во 14:30 часот, без да биде предизвикана поголема материјална штета по имотите и безбедноста на локалното население.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *