Тимот на „Дабест“ го освои 13 место на Националниот дебатен форум 2024 во конкуренција од над 50 тимови на дебатери

Изминатиот викенд, во просториите на СУГС „Никола Карев„ – Скопје и Интернационалниот Универзитет – Еуропа Прима, Младинскиот образовен форум го организираше Националното дебатно првенство 2024.

 

Од Македонска Каменица на Националното дебатно првенство учествуваа 3 тима со 9 натпреварувачи и 2 двајца судии. Покрај тимовите „Пантери“ и „Наса“ беше и тимот на “Дабест” (Магдалена, Ирена и Анастасија) кои го освоија одличното 13 место, во конкуренција од 50 тимови од државата. Исто така, тимовите “Пантери” и “Наса“ исто остварија солиден пласман.

 

– Ова беше 154 дебатен турнир во организација на Младинскиот образовен форум во последниве 25 години. Изминатите три дена над 50 тима од целата држава аргументирано се изразува, критички размислуваа и јавно говореа во трка за титулата – Национален дебатен шампион 2024!
Дебатерите, подготвени со знаењa и аргументи за новинарство, вешташка интелигенција и медиумска писменост, во улога на афирмациски или негациски говорници, неуморно и храбро дебатираа на повеќе тези, – истакнаа организаторите од МОФ

 

Учеството на Националнот дебатно првенство 2024 беше овозможено од здружението „Надеж Норе“, во соработка со СОУ Миле Јаневски Џингар од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *