Тешко повреден виничанец, откако го удрило товарно возило во работилница

На 19.06.2023 во 15.35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека околу 15.30 часот во автомеханичарска работилница во населбата Оризари, кочанско, со повреди се здобил В.С.(79) од Виница.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, при што било констатирано дека околу 15.30 часот во автомеханичарската работилница, Б.Д.(62) од Кочани стартувал товарно моторно возило, сопственост на В.С., , при што го удрило В.С.

Притоа, В.С. се здобил со тешка телесна повреда констатирана во болницата  во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *