Таткото на Вања е на распит во полициска станица, јавноста шпекулира, официјални информации утре

Како што информира пишаниот медиум Слободен Печат (slobodenpecat.mk), таткото на убиената Вања Ѓорчевска е на распит во полициска станица во врска со убиството на неговата ќерка чие тело беше пронајдено вечерва во Скопје, дознава „Слободен печат“. По Вања се трагаше од понеделникот, кога мајката на пријави дека исчезнала во Дебар Маало одејќи кон училиштето, а полицијата и ЈО вечерва открија дека Вања е убиена околу 10 часот, неполни три часа по исчезнувањето.
За убиството на Вања за тројца е побаран притвор, а еден е во бегство.

Во недостиг од повеќе детали и официјална прес-конференција на МВР и на Јавното обвинителство, јавноста наголемо шпекулира за убиството на детето кое ги потресе сите во Македонија и во регионот. Наводно, според пишувањата на дел од медиумите, избеганиот осомничен е Љупчо Палевски, лидер на партијата Трета, кој е иницијатор на случајот, а целта била да се изнудат пари од семејството на девојчето. Палевски наводно е избеган во Турција. Во дел од медиумите се објавени и имињата на други двајца осомничени, еден од Штип, а друг од Велес.

За целата вест кликнете ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *