Србија се повлекува од ЕП, ако нема жестоки казни за Албанија и за Хрватска

Како што наведува спортскиот магазин Екипа, скандалозното навивање и заедничко скандирање на Хрватите и Албанците „Убиј го Србинот“ очекувано е главна тема кај нашиот северен сосед по вчерашниот меч одигран во Хамбург.

Генералниот Секретар на Фудбалскиот Сојуз на Србија, Јован Шурбатовиќ, најви дека ќе се бараат најостри казни за двете селекции, заканувајќи се дури и со повлекување од ЕВРО 2024.

„Она што се случи е скандалозно. Од УЕФА ќе бараме санкции, дури и по цена ние да не го продолжиме натпреварувањето. Сигурни сме дека ќе ги казнат, бидејќи УЕФА не трпи вакви провокации, па го избрка таканаречениот новинар кој ги провоцираше нашите навивачи. Ќе инсистираме да бидат казнети двете федерации, УЕФА ќе го има последниот збор, но ако тоа не се случи, сериозно ќе размислиме како понатаму, дали воопшто вреди да се биде овде. Овие работи немаат врска со спортот и со фудбалот, не сакаме да го политизираме ЕВРО 2024, но тоа го прават некои други земји, ние само реагираме“, изјави Шурбатовиќ.

Извор: ekipa.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *