Срамен и манипулативен прашалник за средношколци во прирачникот по Животни вештини

Срамен и манипулативен прашалник за средношколци во прирачникот по Животни вештини

Што сметате дека ја предизвика вашата хетеросексуалност? И дали е можно тоа да е само фаза којашто ќе ја надминете? А ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?

Ова се само дел од прашањата на кои средношколците треба да одговорат во работните листови како дел од наставната програма за „Образование за животни вештини“. Во ваквиот прашаник кој е одобрен од Бирото за оразование и развој во 2011 година, дури се тврди дека најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци, врските и браковите помеѓу маж и жена се окарактеризирани како нестабилни и често подложни на прељуби и разводи… а за хетереосекусалците се тврди и дека се промискуитетни?

Од Бирото за образование тврдат дека се работи за прирачник за наставници, како дел од наставата програма која не е задолжителна и дека истиот бил изработен пред една деценија. Оттаму апелираат до граѓаните и родителите да ги земат со голема доза на претпазливост и да ги проверуваат сите информации што се споделуваат во врска со образованието на младите.

„Наставната програма не е задолжителна, односно наставниците во средните училишта имаат слобода да изберат кои содржини (и соодветно на тоа кои работни листови) ќе ги реализираат и во кој период од учебната година со цел да одговорат на потребите на адолесцентите. Наставната програма за Образование за животни вештини не се однесува на наставен предмет, туку може да се реализира на часот на класната заедница со учениците од прва до четврта година во сите видови средно образование.“

Според псиохологот Мирјана Јовановска Стојановска и покрај тоа што станува збор за незадолжителен прирачник, смета дека со ваквите содржини се врши груба и срамна дискриминација, пред се на лицата со ментални болести. Предупредува дека штетно ќе влијаат на учениците предизвикувајќи кај нив раздор, агресивно или депресивно однесување. Сепак смета дека во конкретниот случај најверојатно станува збор за изразување на лично мислење на авторот на прашалникот.. но дека тоа никако не смеело да се најде во нставната програма.

Од Бирото за образование и развој веќе најавија дека конкретните работнитите листови, како, но и целокупната наставната програма за образование за животни вештини ќе бидат предмет на ревизија во наредниот период, за кога се планира и реформа на средното образование согласно новото законско решение.

Izvor: kanal5.com.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *