СПАД “Царев Врв – Руен” најавува изненадувања за Божиќниот викенд за голем број дечиња од Македонска Каменица

Спортското планинарско алпинистичко друштво Царев Врв – Руен најавува изненадувања за Божиќниот викенд за голем број дечиња од Македонска Каменица

 

– Во тек се подготовки на Новогодишни пакетчиња кои ќе бидат поделени за време на Божиќниот викенд на голем број дечиња на територијата на Македонска Каменица, – објавуваат од СПАД Царев Врв – Руен

 

Додаваат дека ова треба да биде мотив плус за помладите да ги сакаат природните убавини, да ја чуваат животната средина и поттик за градење љубов кон планините и планинарењето.

СПАД “Царев Врв – Руен” е спортско друштво од Македонска Каменица, кое во изминатиот период има изведено неколку планинарски маршови и искачувања на повеќето планински врвови во Македонска Каменица. Годинава, со свои претставници учествуваа и во искачувањето на врвот Љуботен, највисокиот планински врв на територијата на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *