Соопштение за јавност од ФК Каменица Саса

ФК Каменица Саса објави Соопштение за јавност кое Ви го пренесуваме во целост:

Почитувани навивачи и поддржувачи,

Ве известуваме дека ФК Каменица Саса воведува дневни и годишни билети за следење на сите натпревари на нашиот тим за претстојната 2024/25 сезона. Оваа иницијатива не само што ќе Ви овозможи да бидете дел од секој момент на нашата фудбалска приказна, туку и директно ќе придонесете за подобрување на условите за нашите фудбалери и развојот на клубот.
Средствата собрани од продажбата на дневните и годишните билети ќе бидат насочени кон унапредување на инфраструктурата, опремата и поддршка на програмите за развој на клубот. Секој купен билет е инвестиција во иднината на ФК Каменица Саса и во нашата заедничка амбиција за постигнување на поголеми успеси на теренот.
Продажбата на дневните и годишните билети ќе започне од понеделник 19. Август 2024 година. Првични продажни места на билети, по цена од 100 денари за дневен и 1000 денари за сезонски билет, ќе бидат Гостилница “Џафер”, Кафе бар “Екстрим” и Бутик “Супер Бебе”. Дневен билет може да се купи пред почеток на секој натпревар на влезот од Градскиот стадион во Македонска Каменица. Билети за нашата најмлада публика и членовите на нашата “Млада Гадра Багери” нема да се наплаќаат.
Од срце Ви благодариме за вашата непрекината поддршка и лојалност кон клубот. Вашето присуство на натпреварите е она што ни дава сила и мотивација да се стремиме кон врвни резултати. Само заедно можеме гордоста на градот, нашата ФК Каменица Саса да ја кренеме на уште повисоко ниво.
Со почит,
ФК Каменица Саса
Македонска Каменица
Линк до соопштението за јавност од клубот ОВДЕ

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *