Сончев ден со температура до 25 степени

За утре, синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец

Времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло, ќе дува слаб ветер од јужен правец. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во попладневните часови во планинските подрачја има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата наутро ќе биде од 3 до 10 Целзиусови степени, а попладне ќе се движи во интервал од 16 до 25 степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде претежно сончево и тивко, а температурата ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.

За утре, синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, во планинските региони, ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Во Скопје утре ќе има сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Температурата утре ќе биде од 17 до 26 Целзиусови степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *