Советот на Општина Македонска Каменица ја зголеми финасиската помош за Делчево на 600 000 денари

Македонска Каменцица, 12. Јуни 2023 година – Советот на Општина Македонска Каменица, на денеска одржаната XXIII седница, донесе одлука за зголемување на финансиската помош за санирање на штетите по силното невреме кое ја зафати соседната општина Делчево.

Така, првично најавената помош од 500 000 денари, која градоначалникот Димчо Атанасовски ја најави веднаш по невремето, денеска беше зголемена на 600 000 денари.

 

– Поради невремето што го зафати нашиот соседен град Делчево кое што остави фатални последоци од поплава и големи материјални штети кај населението Општина Македонска Каменица ќе донира парични средства во износ од 500 000 денари, уште веднаш по случувањата во Делчево најави градоначалникот Атанасовски, средства кои ќе бидат донирани со цел санирање на штетите во најбрз можен рок.

 

 

Одлуката за зголемување на средствата, со девет гласа ЗА и еден воздржан глас, беше изгласана по предлог на советникот од независната листа на советници, Дарко Гоцевски. Како што образложи Гоцевски, зголемувањето на средствата го иницира бидејќи штетите по имотите на граѓаните и инфраструктурата во Делчево се огромни и секоја помош е добредојдена.

 

 

Преходно, на гласање беше ставен и предлогот од независниот советник Слободан Велиновски од листата на „Сложно за Македонска Каменица“, кој предложи финансиската помош за Делчево да биде помош во механизација и работна сила со која располага Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица. Со тоа, како што истакна Велиновски, ваквата помош во овие моменти ќе биде добредојдена за сите кои се вклучени во санирањето на штетите во Делчево, а од друга страна претставува можност за дополнителен приход на ЈП Камена Река. Овој предлог, со само два гласа ЗА не беше прифатен.

 

 

 

Наши екипи од Македонска Каменица со вработени во ТППЕ и членови од ДПД “Саси” организирани и опремени, веднаш по стабилизирањето на невремето пристигнаа во поплавените делови од Делчево, каде во соработка со тамошниот Кризен штаб за справување со кризи се веднаш беа вклучени во санирање на штетите.

 

 

Пишува: Горан Бразда Ристовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *