Скандал на ЕП: Албански фудбалер со навреди и пцовки кон Македонците (ВИДЕО)

Веќе една седмица главна тема во фудбалскиот свет се случувањата на Европското првенство, а за жал освен спортот имаше и други моменти кои се најдоа во центарот на вниманието. Така беше и на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска (2-2). Двете навивачки групи за време на натпреврот заеднички ги навредуваа Србите со националистички испади.

Сепак, скандал се случи и по крајот на мечот. Имено, репрезентативецот Мирлинд Даку го зеде мегафонот и пријде пред трибината полна со албански навивачи. Тој почна да извикува пцовки против Македонците, а тоа секако дека го следеше и целата група.

Ќе видиме дали УЕФА ќе реагира за овој испад на Албанецот со некаква санкција. Речиси сигурно е дека Албанците заедно со Хрватите ќе добијат казна за извикувањата „Убиј го Србинот“ за време на натпреварот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *