Синер со епски пресврт против Медведев го освои Австралиан Опен

Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше во големото финале со 3-2 во сетови, односно 3-6, 3-6, 6-4, 6-4 и 6-3 против Данил Медведев на Австралијан опен за да се закити со првата гренслем-титула во кариерата.

Искусниот руски тенисер го доби првиот сет со 6-3, откако направи два брејка, додека во вториот следеше идентичен почеток, по кој Синер врати само еден загубен гем, но тоа не му беше доволно да го спаси сетот (3-6).

Медведев играше добро и во третиот сет, па делуваше дека ќе го освои пехарот во Мелбурн, меѓутоа Италијанецот се разбуди и со брејк во 10. гем стигна до 6-4.

Синер во четвртиот сет постојано го напаѓаше Медведев, но не искористи две брејк-топки до 10. гем кога повторно го надигра Русинот и славеше со 6-4.

Италијанскиот тенисер во шестиот гем го скрши отпорот на Русинот и поведе со 4-2 во решавачкиот сет, по кои Медведев не успеа да се врати и загуби со 3-6.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *