Се интензивираат градежните активности за изградба на локалниот пат до маало Катанци во село Дулица

Општина Македонска Каменица ги тековните градежни активности за изградба на локалниот пат до маало Катанци во село Дулица, со кои ја потврдува определбата за создавање на пристојни и современи услови за живот на сите жители во заедницата.

– Реконструкцијата на локалниот пат во село Дулица – маала Катанци во вкупна должина од 950 метри, претставува решавање на повеќедецениски проблем на жителите на село Дулица, на кои сериозно им беше отежнат пристапот до своите домови особено во услови на обилни врнежи од дожд и снег, – вели градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски кој додава дека овој проект покрај градежните активности за тампонирање и асфалтирање, опфаќа и поставување на цевки и пропусти за одводнување на атмосферските води и талози долж целата делница.

Парлално со овие активности, општина Македонска Каменица работи на изградба на пристапен пат до Грчко маало во Стара Каменица во должина од 250 метри, како и на изградба на неколку градски улици во централното градско подрачје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *