СЕЧА НА ДРВА ВО СМРТ ОДНЕСЕ 43-ГОДИШЕН ЖИТЕЛ НА ДЕЛЧЕВСКО ГАБРОВО

 

Сеча на огревно дрво во смрт однесе уште едн млад живот од Истокот.  Овој пат, жртва е 43-годишен жител на делчевското село Габрово, кој животот го завршил приклештен од трактор, натоварен со исечени дрва.

Смртта младиот делчевец го пречекала кај местото викано Кремењач. Тој седел во приколицата врз дрвата кога возачот се обидел да го стартува тракторот, но обидот завршил со превртување на возилото. Левото тркало, силно го пориклештило делчевецот во пределот на половината, по што тој таму се разделил со животот.

Лекарска екипа, само ја констатирала моменталната смрт. Надлежните извршиле увид на местото на несреќата, а телото на починатиот е предадено на семејството.

Во регионот ова е втора несреќа за неколку дена при сеча на дрва. На 9 септември при сеча на дрва во беровското село Владимирово загина 50-годишен сечач на дрва од Берово.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *