Село Истибања се подготвува за претстојниот празник Св. Петка (Петковден)

Село Истибања се подготвува за одбележувањето на претстојниот празник Св. Петка (Петковден) на 27. Октомври 2023 година

Традиционално, како и повеќе децении наназад, жителите на Истибања ќе се соберат „Под Бресто“ каде ќе го одбележат патронот на селото, Света Петка (Петковден). Годинава, покрај културно забавната програма исполнета од ФА „Китка“ – Истибања и неколку локални изведувачи, со почеток од 20:00 часот, ќе настапи популарниот исполнител на македонска народна и изворна музика, Дамјан Стојановски.

 

 

Света Петка (Петковден) се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства, особено во источниот дел од државата.

 

 

Паралелно со овие активности, во село Истибања засилено се работи на обнова на црквата Света Еремија, за што свеочат и следните фотографии:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *