Света литургија и панихида со славски ручек во старата градска црква Св. пророк Илија во Македонска Каменица

Македонска Каменица – По повод големиот христијански празник Св. пророк Илија – Илинден во истоимениот храм во Македонска Каменица (стара градска црква), со почеток 08:00 часот ќе биде отслужена Света литургија.

– По завршувањето на Светата литургија во дворот на црквата Св. пророк Илија, ќе следи панихида и прекршување на славски колач, со ручек за присутните верници во 11:00 часот, – пишуваат од Свештенството

По молитвите на Св. пророк Илија нека им е вечен споменот на сите коишто се бореа за нашата национална и духовна слобода! Бог да ги благослови и да ги сочува до крајот на вековите, нашата татковина Македонија и нашата мајка Македонската Православна Црква!

Честит и вечен Илинден!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *