Света литургија за денот на „Раѓањето на Свети Јован Крстител“ во Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 07. Јули 2024 година – Денеска, кога православната црква го празнува денот на ,,Раѓање на Свети Јован Крстител”, неговото преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, началствуваше со Светата литургија во нашиот храм посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.
– По Евангелието Епископот одржа содржајна беседа во која ја потенцира Божјата Семоќност, која се докажува токму со денешниот настан на чудесното зачнување и раѓање на Свети Јован, – велат од епархијата
За време на Светата Литургијата, како што пишуваат од епархијата, епископот го ракопроизведе во ипоѓаконски чин отецот Виктор Крстевски од Делчево. Нека му е честит и од Бога благословен ипоѓаконскиот чин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *