Света литургија во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица

Денеска, недела 18. Август, 8-ма по Педесетница, на претпразненство од ,,Свето Преображение’’, св. мч. Евсигниј, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, чиноначалствуваше на Светата Божествена Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.

 

На Литургија му сослужуваа повеќе свештенослужители.
По читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа, а при тоа не испушти, да нагласи дека верниот народ постојано треба активно да земе учество во Светата Литургија.
За време на Литургијата верниот народ ги прими Светите Божествените Дарови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *