Света литургија во сослужение на нашиот епископ г. Марко и епископот Тивериополски г. Тихон од Бугарската православна црква

На 03 јули 2024 година на храмовиот празник ,,Свети Наум Охридски Чудотворец” во Делчево, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, му сослужуваше на гостинот Епископ, Тивериополски г. Тихон од Бугарската Православна Црква.

На Светата Божествена Литургија на протојерејот Методија Дончовски пензиониран свештеник од Делчево, му беше доделен граден крст како заслуга за долгогодишната мисија и посветеност во црквата.

На Литургијата пригодна беседа одржа гостинот Епископ г. Тихон, кој се заблагодари на Епископот домаќин за топлиот пречек и искажа голема благодарност за поканата. Истакна
дека не се потребни зборови бидејќи длабоко во срцето ја чувствува искрената и братска љубов во заедничарење со Бога. Ова за него претставува огромна чест и задоволство бидејќи неговите претци потекнуваат од с. Стар Истевник. Искажа задоволство за укажаната чест за првпат, да чиноначалствува во Делчево.

 

На крајот од Литургија Епископот г. Марко возврати со пригодни зборови посакувајќи топло добредојде, и надеж за уште многу средби и заедничко сослужување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *