САСА одигра нерешено против Кожуф на стартот од новата сезона

Фк Каменица Саса во рамки на 1. Коло од ВМФЛ одигра драматичен натпревар на гостински терен против ФК Кожуф со нерешен резултат од 2:2.

По добрата игра во првото полувреме, САСА одлично го отвори вториот дел од натпреварот. Покажувајќи целосна доминација на теренот, со двата гола на Тони Мичковски, нашата екипа успеа брзо да оствари предност од 0:2.

Во последните дваесетина минути од натпреварот, домашната екипа успеа да се врати во игра и да го израмни резултатот. И покрај притисокот и промената на ритамот на играта, САСА се бореше до последниот свиреж на судијата задржувајќи го нерешениот резултат.

ФК Кожуф : ФК Каменица Саса, конечни 2:2
Градски стадион Гевгелија
1. Коло Втора македонска фудбалска лига


 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *