САСА не успеа да го задржи водството против Брегалница – се врати поразена со 2:1 од Штип

Во вчера одиграниот натпревар помеѓу екипите на штипска Брегалница и ФК Каменица Саса славеше домашната екипа со 2:1. Натпреварот беше дел од третото коло на Втората македонска фудбалска лига.

Иако гостите од Македонска Каменица го отворија резултатот и први дојдоа во водство на градскиот стадион во Штип преку голот на Тони Мичковски. Домаќините во два наврати стрелаа прецизно во мрежата на Симон Стојковски за целосен резултатски пресврт. За втор погодок на Брегалница и конечен резултат на натпреварот, беше досуден удар од 11 метри, кој домаќините успешно го релизираа.

ФК Каменица Саса до крајот на натпреварот создаде неколку полушанси, кои не беа доволни за израмнување на резултат.

Следното 4. Коло екипата на ФК Каменица Саса го игра на домашен терен против Борец од Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *