САСА и ТРАЈАЛ ремизираа со 1:1 на пријателскиот натпревар одигран денеска во Пехчево

Со одлична игра во текот на целиот натпревар, нашата екипа ФК Каменица Саса успеа да одигра со нерешен резултат од 1:1 со екипата на Трајал од Крушевац, Србија.

Стрелец за ФК Каменица Саса, наденешниот натпревар одигран на стадионот во Пехчево, беше капитенот Дарко Алексовски Пеле. Саса имаше шанса и за победа во овој контролен натпревар, но голманот на Трајал беше поуспешен од Алексовски и успеа да го одбрани ударот од 11 метри.

 

 

Натпреварот се одигра во рамки на подготвителниот период пред почетокот претстојната натпреварувачка 2024/25 сезона од Втората фудбалска лига на Македонија. Од страна на македонкиот второлигаш, натпреварот првенствено беше искористен за утврдување на моменталната форма на играчите и подигање на тимскиот дух во екипата. Тренерите им дадоа шанса скоро на сите свои фудбалери да настапат на овој пријателски натпревар.

Екипата на ФК Каменица Саса, веќе го резервиреше 20 јули како датум за следен контролен натпревар против Борец од Велес. Овој натпревар ќе се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица. Повеќе детали ќе бидат дополнително објавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *