САСА го победи Кожув! Со благодарност до верните навивачи, нашата САСА ја продолжува борбата за продолжување на второлигашкиот статус

Во рамки на денеска одиграното 28. Коло од ВМФЛ, екипата на САСА славеше со минимални 1:0 против ФК Кожув Гевгелија. Резултат кој обезбеди значајни три бодови во борбата за продолжување на второлигашкиот статус на нашиот каменички фудбалски клуб.

По завршувањето на натпреварот, од управата објавија кратко соопштение во кое истакнуваат:

Драги наши навивачи, поддржувачи и љубители на фудбалската игра,
Нашата екипа ФК Каменица Саса успеа да слави над екипата на ФК Кожув Гевгелија со 1:0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Александар Смилков, кој во 48′ успеа убаво нафрлената топка од левата страна, со прецизен удар со глава да ја смести во противничката мрежа.

Упатуваме искрена благодарност за вашата силна и неизмерна поддршка од трибините во текот на натпреварот. Бодрењето и вашата присутност, даваат силна мотивираност за победа, кај сите наши играчи на теренот. Продолжуваме заедно во успесите!

Еден Клуб, Една Љубов!
САСА!

Моменталниот распоред на долниот дел од табелата на ВМФЛ изгледа вака:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *