САСА ги потврди првите имиња од тимот – „Пеле“, „Робен“ и Смилков остануваат во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 19. Јуни 2024 година – Екипата на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, полека и сигурно, го гради тимот за новата натпреварувачка сезона. Вчера, во клубските простории македонскиот второлигаш ги претстави првите имиња. Дарко Алексовски – Пеле, Мартин Димоски – Робен и Александар Смилков остануваат во Македонска Каменица.

Продолжувањето на соработката со играчите, кои со доаѓањето во редовите на ФК Каменица Саса во преодниот рок од минатата сезона донесоа поквалитетна игра и опстанок во второлигашкото друштво, ветува силен тим за претстојната сезона.

– Чест и задоволство е продолжувањето на договорот со ФК Каменица Саса. Нашата цел со доаѓањето на полусезоната од минатогодишното првенство е остварена, екипата од Македонска Каменица обезбеди опстанок во втората фудбалска лига. Сега верувам, дека со нашето искуство, многу повеќе ќе му помогнеме на нашиот клуб. Сега го немаме притисокот од испаѓање, верувам дека ќе бидеме насочени кон креирање на добри услови за игра и тим кој ќе атакува на првите шест места од табелата, – изјави Дарко Алексовски – Пеле

Благодарност за довербата кон управата и стручниот штаб искажа и Мартин Димоски – Робен, кој истакна дека можноста за продолжување на договорот е силна обрвска и чест. Веруваме во многу подобар успех во следната сезона, многу подобра игра и сите заедно ќе работиме на создавање на респектиран и квалитетен тим. Пред нас е подготвителниот период, кој верувам дека ќе биде успешен, дека добро ќе работиме и ќе придонесеме во создавањето на добра екипа со тимска игра – додаде Димоски

За младиот и секогаш одличен на теренот Александар Смилков, ова е само потврда дека стручниот штаб и управата на клубот работат посветено на развој и креирање на подобри услови за работа и натпреварување, кои во следните натпреварувачки сезони ќе бидат подобрени и верува дека успесите на ФК Каменица Саса нема да изостанат.

Од управата на ФК Каменица Саса дополнија дека следните имиња ќе бидат претставени до крајот на месецот и почетокот на месец јули, за кога е планиран и почетокот на подготовките за следната натпреварувачка сезона.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *