Рудник САСА продолжува со поддршката за одржливост на рибниот фонд на езерото Калиманци

Рудник САСА продолжува со поддршката за одржливост на рибниот фонд на езерото Калиманци

 

 

Македонска Каменица, 13. Декември 2023 година – Благодарение на тековната финансиска поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ набави дополнителна количина риба за порибување на езерото Калиманци. Во оваа прилика извршено е порибување на езерото со околу 2000 килограми крап.

Активноста е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска поддршка наменета за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци. Дополнителни финансиски средства се донираат и за набавка на потребната опрема за извршување на активностите на „Шаран“.

Оваа соработка со здружението на риболовци од Македонска Каменица е само еден дел од активностите кои Рудник САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржлив развој.

Здружението “Шаран” ги известува риболовците дека риболовот во езерото се забранува. За престан на оваа забрана риболовците ќе бидат дополнително известени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *