Репрезентативката Лекоска е нов чувар на мрежата на нашата екипа ЖФК Каменица САСА

Македонска Каменица, 25. Јуни 2024 година – Репрезентативката Лекоска е нов чувар на мрежата на нашата екипа ЖФК Каменица САСА

Станува збор за репрезентативен голман и за еден од најдобрите голмани на балканот. Радосни сме што од денес Лекоска е чувар на нашата мрежа, – вели Зоран Златковски, стратег и тренер на шампионската екипа ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица

Претходно, Лекоска има настапувано за Истатов, Скопје и Љуботен, каде ја носеше капитенската лента.

Со ангажманот на Лекоска добиваме екстра засилување, што дава сигурност дека целите на нашиот клуб ќе ги постигнеме заедно, – додава Златковски

Екипата на ЖФК Каменица САСА е вицешампион на Македонија и финалист од Купот на Македонија 2024.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *