Регистриран земјотрес во Источна Македонија

Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје добиено е известување за почувствуван земјотрес, информираат од ЦУК.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 28.01.2024 година во 18 часот и 38 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km источно од Скопје, во епицентралното подрачје Св. Николе – Штип, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5, велат од ЦУК.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

 

Извор: ММС.МК

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *