Регистрирани два земјотреси во Македонска Каменица и подрачјето од крајниот исток на Македонија

Два земјотреси со рихтерова магнитуда од 3,6 и 2,9 степени вчера попладнето се регистрирани на територијата на крајниот исток на Македонија.

Потресите биле регистрирани околу 18 часот и 30 минути на подрачјето Делчево – Берово на 125 километри јужно од Скопје. Со истиот интензитет, потресите се почувствувани и во подрачјето на Македонска Каменица.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје. Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда ML3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, се вели во соопштението на надлежните.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,  првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *