ПРОЧИТАЈТЕ: МВР откри зошто налепниците NМК мора да се земат во станица за технички преглед

МВР: Налепниците NМК мора да се земат во станица за технички преглед – само така ќе бидат евидентирани

Деновиве граѓаните кои треба добијат нови налепници на регистарските таблички на возилата се во недоумица дали тоа мора да го направат во станиците за технички преглед или може да купат налепници по цена од 100 денари и да ги залепат самите.

Од МВР за Либертас објаснија дека сепак табличките мора да се земат во станиците затехнички преглед, да ги залепи вработен во станицата бидејчи само така може да влезат во соодветна евиденција на МВР.

-Налепниците со ознака НМК граѓаните треба да ги набават во станиците за технички преглед низ цела држава. Граѓаните при подигнување на налепниците потребно е во станицата за технички преглед да отидат со сообраќајна дозвола и со возилото, при што налепницата ќе им ја залепи вработен од станицата за технички преглед и за истото се води посебна евиденција при што Вашето возило ќе биде евидентирано дека поседува налепница со ознака НМК.

Ве информираме дека налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК. Воедно ги информираме граѓаните дека со новите измени, налепниците не се задолжителни за територијата на РСМ до 31.12.2024 година, но истите се задолжителни за патување во странство.

Дополнително ги информираме граѓаните дека налепниците се бесплатни, односно се на товар на Министерството за внатрешни работи – информираа од министерството за внатрешни работи.

Izvor: libertas.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *