Продолжува уредувањето на централното градско подрачје и Индустриската зона во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 21. Октормври 2023 година – Продолжуваат бетонските работи за партерно уредување на пешачките патеки во централното градско подрачје и на просторот од Индустриската зона во Македонска Каменица.

– Во тек е изградба на пешачки тротоар на улица 28-ми Август кој што ќе му даде нов, урбан и модерен лик на овој дел од градот. Исто така со тоа и ќе се зголеми безбедноста на пешаците во сообраќајот, – стој во објавата на официјалниот налог на социјалните мрежи на градоначалникот Димчо Атанасовски.

 

 

Атанасовски дополнува дека, исто така е завршена нивелацијата на канализационите шахти во делот на Индустриската зона, при што наскоро следува асфалтирање на коловозите од пристапните улици во рамки на истата.

Уредувањето на јавните површини во Македонска Каменица ќе продолжи да се реализира како дел од градежните бетонски работи, преку кој интензивно се работи на уредување и на новиот пракинг простор на улица Илинденска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *