Прием на протоереј отец Даниел Стојчевски во кабинетот на градоначалникот Атанасовски

Македонска Каменица, 01. Ноември 2023 година – Прием на протоереј отец Даниел Стојчевски во кабинетот на градоначалникот Атанасовски

– Денеска, имав чест да се сретнам со протоереј отец Даниел Стојчевски, парохиски свештеник при Македонската Православна Црковна Општина – ” Свети Кирил и Методиј” Париз, Франција, – истакна Атанасовски. За средбата кажа дека била посветена на разговори за подобрување на врските и засилување на соработката помеѓу нашата Општина и црковната заедница со дијаспората во Париз.

Ова е важен чекор во нашите напори за зголемено влијание и поддршка за нашите сонародници во странство. Со заеднички напори и ангажман, ќе работиме за подобрен квалитетот на живот на сите наши граѓани, каде и да се наоѓаат, – стои во соопштението за јавност објавено од градоначалникот на социјалните мрежи, каде Атанасовски изразува надеж, дека оваа средба е само почеток на соработката со која ќе продолжиме да создаваме мостови и релации помеѓу нашата Општина, дијаспората во Париз и целокупно во Европа.

Благодарност за денешната посета, до нашиот сограѓанин отец Даниел Стојчевски, за изразената поддршка и подготвеност за соработка. Атанасовски додаде дека во рамки на разговорите, отец Даниел го информирал за тековните активностите на Македонската Православна Црковна Општина “Свети Кирил и Методиј” во Париз. Црковната Општина бележи постојан развој и раст во делувањето, благодарение на залагањата од свештенството при истата и првенствено на ангажманот од страна на многубројните наши иселеници во тој дел од Европа.

Се надевам дека ќе продолжиме да работиме во насока на постигнување на нашите заеднички цели, – стои на крајот од соопштението од градоначаникот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *