Прва самостојна изложба на нашата Анастасија Стоименовска – млад ликовен уметник од Македонска Каменица

Прва самостојна изложба на нашата Анастасија Стоименовска – млад ликовен уметник од Македонска Каменица

В среда, со почеток од 12 часот во Домот на култура во Македонска Каменица, ќе се одржи првата самостојна изложба на ликовни дела од Анастасија Стоименовска – млада и перспективна ликовна уметничка од Македонска Каменица.

– Со големо задоволство ве поканувам на мојата прва изложба. Ќе ми биде мило ако вие и вашите пријатели ме почестите со вашето присуство. Ќе имате можност да ги видите моите последни дела, инспирирани од човековите емоции, – вели младата Анастасија С.

Од помагателите во организирањето на оваа ликовна изложба, Културно информативниот центар „Романса“ велат дека со оваа актиновст покажуваат дека поддршката за младите уметници од Македонска Каменица продолжува и понатаму.

 


 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *