Почина Шенен Доерти, ѕвездата од култната серија „Беверли Хилс 90210“

Почина Шенен Доерти, ѕвездата на култната серија „Беверли Хилс 90210“

Шенен Доерти, ѕвездата на Беверли Хилс, 90210, почина по долгогодишна борба со ракот на дојката.

Таа имаше 53 години.

„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоун во изјава за People.

Доерти се прослави во 1990 година како Бренда Волш во мегапопуларната серија Беверли Хилс, 90210. Нејзиниот брат близнак Брендон го играше Џејсон Пристли, со кого остана блиска до крајот на животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *