Почина Оливера Николова, авторката на „Зоки Поки“

На 88 годишна возраст почина писателката Оливера Николова. Таа пишуваше за деца и за возрасни, а ќе остане запаметена по книгата „Зоки Поки“. Таа е една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.

Работниот век во поминала во јавниот сервис МРТВ како уредничка и драматург.

Авторка е на триесетина книги за деца и возрасни, меѓу кои има раскази, романи, сликовници и пиеси. Авторе и на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец) и „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди).

Николова освои повеќе награди и признанија, меѓу кои се „ Рациново признание“, „Стале Попов “, двапати ја освои наградата „Роман на годината“, а беше одликувана и со орден за заслуги, од поранешниот претседател, Стево Пендаровски.

Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1963 година. Смртта на Николова ја потврдија од ДПМ, од каде дополнително ќе го соопштат датумот и терминот на нејзиниот погреб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *