Поставени контејнери за ситен електронски отпад на повеќе локации во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 18. Јуни 2024 година – На повеќе локации во Македонска Каменица се поставени контејнери за ситен електронски отпад и батерии.
– Со ваквиот пристап и достапен сервис за селекција на опасниот отпад ќе спречиме истиот да заврши на неправилно место, – истакнуваат од општината, од каде упатуваат „Благодарност до Нула Отпад ДОО Скопје кои се меѓу првите редови за подигнување на јавната свест меѓу луѓето за правилна селекција на опасниот отпад и унапредување на квалитетот на животната средина“.
Грижата на здравата и чиста средина е наш приоритет, а со промовирање на одржливи практики и поттикнување на одговорно отстранување на електонскиот отпад, заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина, – додава градоначалникот Димчо Атнасовски кои истакна дека како локална самоуправа амбициозно чекориме на патот кон зелена, европска, чиста и одржлива Општина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *