ПОЖАР ВО БЕРОВО: Пожарникарите гаснеле запалена куќа, едно лице е повредено

Во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови се запалила куќа во Берово.

Во пожарот едно лицо е повредено, и има изгореници, при што е однесено во Здравствениот дом во Берово.

– Пожарникарите од Берово, вчера, во период од 22:55 до 00:30 часот со 2 Противпожарни возила и 4 Пожарникари интервенирале на запалена куќа во градот Берово.

Во пожарот едно лице се здобило со повреди (изгореници) и истото е пренесено во Здравен дом Берово – соопштија од Центарот за управување со кризи.

Од таму додаваат дека во последното деноноќие, имало извештаи дека речиси секаде пожарникарите имаме помали интервенции, што најчесто значи дека имало гаснење пожари на отворено.

Поради ова апелираат да се слушаат препораките на пожарникарите, да не се палат отпадоци на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиентлниот воздух и истовремено бараат внимателност при прошетките во природа на повисоките места и планините, бидејќи при вакви зимски услови со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите.

Photo: arhiva

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *