Повик до верниците од Делчевско – каменичката епархија

Македонска Каменица, 13. Септември 2024 година – Делчевско – каменичката епархија упати Апел до православните верници од епархијата. Апелот Ви го пренесуваме во целост:


Возљубени, православни верници во Делчевско-каменичката Епископија, чувствуваме за потреба да го упатиме овој апел до вас, а во врска со празнувањата на нашите празници.
​Имено, сведоци сме дека пред поголемите Господови, Богородични и Светителски празници, се повикуваат верниците на, така наречени, „ручеци за здравје” кои, патем, се делат на места каде некои луѓе, со изговор дека им се сонило и ги повикал светецот значи самоиницијативно, на имот што не припаѓа на Црквата и без благослов на Црквата изградиле, најчесто мали параклиси, значи неосветени од Црковни лица. Едно од тие места е и параклисот, кој го нарекуваат манастир ,,свети Спас’’, а се наоѓа близу топланата во Македонска Каменица. На овие места на Црквовните лица не им се дава никаков отчет за финансиското работење во текот на изградбата и потоа, исто немаат увид,ниту во приходите ниту во расходите на материјалните сретства што се остваруваат, а тоа може да доведе до сомнеж дека истите се злоупотребуваат.
​Должност ни е да ви укажеме дека празниците треба да се прославуваат во православните храмови, каде свештениците служат, пред сè, Литургија, на која се причестуваме со Телото и Крвта Христови, а после Литургијата може да има и ручек, ако за тоа има услови. Литургијата е централниот настан во животот на секој православен Христијанин. Со неа сè се осветува, а без неа секое празнување на христијанските празници е осакатено, обезличено и непотполно и го жалости Бога.
​Веруваме дека на сите ни е важно правилното празнување на празниците и овој апел ќе го разберете правилно и добронамерно, па внимателно во идинина кај свештениците ќе се распрашувате каде да се делат „ручеци за здравје”, пред да отидете некаде на прослава на празниците.

​Со Божји благослов, од канцеларијата на Делчевско-каменичка Епископија


 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *