Пензионерите од Македонска Каменица со многу дружење и забава го одбележаа Денот на пензионерите

Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, вчера во ресторан „Иднина“ свечено беше одбележан Денот на пензионерите.

Присутни на настанот, покрај гостите од здруженијата на пензионери од Пробиштип, Пехчево, Делчево и Штип, беа многубројни членови на здружението и пензионери од Македонска Каменица, кои со многу забава и дружење подготвена од одличните Модерато Бенд во позитивна атмосфера го прославија нивниот празник.

По тој повод, претседателката на здружението, Јаворка Соколовска со честитка до пенизонерите за нивниот празник, истакна: Ние, пензионерите, сме важен дел од општеството и сакаме да покажеме дека и по завршувањето на работниот век, можеме да живееме активно и да се забавуваме. Ова е убава прилика за дружење, во име на Здружението на пензионери и во мое лично име, сакам да им заблагодарам на сите присутни за создавање на оваа прекрасна атмосфера.“

 

Здружението на пензионери од Македонска Каменица е едно од поактивните здруженија на државно ниво. Учествуваат на повеќето регионални и национални настани и пензионерски смотри и натпревари, каде освојуваат бројни награди и признанија. Огранизатори се на најголемиот настан во регионот Бабина Баница кој секоја година собира илјадници посетители од поширокиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *